Бенфика официјално објави колку ќе добие од Реал за Мурињо

Бенфика со официјално соопштение потврди дека Жозе Мурињо ќе се врати во Реал Мадрид, под услов Флорентино Перез да победи на претседателските избори во кралскиот клуб

Прегледи:

Датум:

Бенфика со официјално соопштение потврди дека Жозе Мурињо ќе се врати во Реал Мадрид, под услов Флорентино Перез да победи на претседателските избори во кралскиот клуб.

Португалскиот гигант откри и нешто уште позначајно како вест, а тоа е дека ќе добие отштета во износ од 15 милиони евра. Ова е повеќе од двојно поголема од првата клаузула за ослободување од 7 милиони, која беше на сила до 26 мај.

Сепак, Реал не можеше да ја активира, бидејќи сè е поврзано со претседателските избори во клубот, кои се оваа недела, 7 јуни. После тоа, износот е двојно поголем.

Специјалниот веќе потпишал тригодишен договор, а самиот Флорентино Перез вчера официјално објави дека Португалецот ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“ ако победи на изборите.

„Бенфика информира дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, изразил цврста намера да го ангажира тренерот Жозе Мурињо доколку победи на претседателските избори на овој клуб, закажани за 7 јуни 2026 година“, стои во изјавата на португалскиот клуб.

„Доколку се случи такво сценарио, ангажирањето ќе се изврши за сума од 15.000.000 евра, што одговара на клаузулата за раскинување на тековниот договор за спортско вработување.“

Во меѓувреме, самиот Флорентино Перез објави видео во кое ја мотивира својата одлука да го врати Мурињо на Бернабеу, имено неговите бројни победи, 26 трофеи, натпреварувачки дух, лидерство и одбрана на мадридизмот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...