Бешикташ ги негира гласините: Гласнер нема да дојде во Истанбул

Фудбалскиот клуб Бешикташ денес негираше дека Оливер Гласнер ќе ја преземе тренерската функција

Прегледи:

Датум:

Фудбалскиот клуб Бешикташ денес негираше дека Оливер Гласнер ќе ја преземе тренерската функција.

„Веста што циркулира, а во која се тврди дека сме во преговори со Оливер Гласнер за позицијата главен тренер на нашиот тим и дека е постигнат прелиминарен договор, е целосно неоснована. Ве повикуваме силно да не верувате на оваа и слични злонамерни вести што се измислуваат зад затворени врати“, се вели во соопштението од Бешикташ.

Гласнер (51) го напушти Кристал Палас на крајот од сезоната, а неодамна ја освои Конференциската лига со лондонскиот клуб.

Медиумите во последните денови пишуваа дека Ливерпул, Милан, Борнмут и Бешикташ се заинтересирани за услугите на Гласнер.

Сепак, сè уште не е познато точно кој клуб ќе го преземе многу бараниот стратег, по извонреден период во Лондон и три освоени трофеи.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...