Бомба во Италија: Алегри го смени Конте на чело на Наполи

Алегри ги прифатил сите услови на Наполи и ќе потпише двегодишен договор

Прегледи:

Датум:

Антонио Конте си замина, а Масимилијано Алегри е новиот тренер на Наполи!

Фабрицио Романо, под својот познат слоган „Еве, почнуваме“, потврди дека Алегри наскоро официјално ќе го наследи Антонио Конте.

Алегри ги прифатил сите услови на Наполи и ќе потпише двегодишен договор.

Италијанецот брзо најде нова работа откако се раздели со Милан, и иако разочара на „Сан Сиро“, сепак доби голем клуб за водење.

Секако, за разлика од Милан, Наполи ќе се натпреварува во Лигата на шампионите, а Алегри ќе има задача да се бори за Скудетото и да „издржи“ во елитното натпреварување што е можно подолго.

Останува да се види каде ќе оди Винченцо Италијано, кој се раздели со Болоња и беше кандидат за клупата на Наполи.

Алегри го водеше Милан, потоа Јувентус, а потоа повторно Милан, но некако се чини дека не напредуваше многу како тренер во последните години.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...