Челси започна официјални преговори за француски репрезентативец

Откако вчера стана јасно дека Челзи понудил рекордна сума за англискиот репрезентативец Морган Роџерс, денес новинарот Бен Џејкобс објави дека тимот од Лондон започнал и официјални преговори за францускиот репрезентативец Максенс Лакроа

Прегледи:

Датум:

Откако вчера стана јасно дека Челзи понудил рекордна сума за англискиот репрезентативец Морган Роџерс, денес новинарот Бен Џејкобс објави дека тимот од Лондон започнал и официјални преговори за францускиот репрезентативец Максенс Лакроа.

Централниот дефанзивец на Кристал Палас беше во составот на „петлите“ во поголемиот дел од нивните последни два натпревари на Светското првенство. Во полуфиналето со Шпанија, тој го замени тешко повредениот Вилијам Салиба во 30-тата минута, а синоќа беше стартер против Англија во натпреварот за третото место и ја доби третата највисока оценка во тимот на Дидие Дешан, иако одбраната на „петлите“ прими шест гола.

Според Џејкобс, и Арсенал е заинтересиран за 26-годишниот Лакроа, кого „орлите“ го ценат на 55 милиони фунти.

Пред неколку дена, „Мирор“ објави дека од „Стемфорд Бриџ“ се подготвени да го понудат Трево Чалоба на Кристал Палас како адут за преговарите за Лакроа.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...