Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери повторно го освои трофејот во Лигата на Европа, по петти пат во својата кариера, овој пат на чело на тимот од Бирмингем. Ова се случи по победата од 3-0 во финалето против Фрајбург. Менаџерот ги пофали своите играчи и рече дека овој успех е потврда за напредокот на тимот под негово водство.
„Фантастична работа. Европа ни даде многу. А мене – исклучително многу. Секогаш сум многу благодарен за европските натпреварувања. За секое натпреварување, но особено за Лигата на Европа. Исто така сум благодарен на клубовите за кои работам затоа што тие го покажуваат патот, како и за поддршката што ја имав во Валенсија, Севиља, Виљареал и тука во Виља. Сопствениците, играчите“, рече Емери.
„Многу е важно како сите ние силно пристапивме кон овој турнир и се обидовме да го дадеме својот максимум. Оваа година игравме на многу сериозен начин – толку, толку концентрирано. И секако, играчите ја покажаа својата голема желба. Им кажав внатре дека на овој турнир ни треба желба и сериозност. Да покажете на теренот дека сте главниот лик – и тие го направија тоа!“, додаде стручњакот.
„Секогаш сме тука да зборуваме за нашето искуство. Се обидуваме да го искористиме искуството што го стекнавме тука. Игравме во полуфиналето, игравме во четвртфиналето во Европа, во Конференциската лига и во Лигата на шампионите. Ова финале е потврда за начинот на кој напредуваме. Тоа е исклучително важно за нив [играчите]. Секако, важно е и за навивачите кои патуваат со нас во текот на целата сезона, вложувајќи огромен напор да бидат со нас и да ни ја пренесат својата енергија“, додаде Шпанецот.
„Исто така, мора да се обидеме да бидеме горди на сè што ќе постигнеме заедно со нашите навивачи. И секако, фактот дека овој клуб ја освои титулата во 1982 година е исто така важен. Повторното натпреварување за трофеј во Европа е нешто што му дава смисла на сè што правиме“, заклучи Емери.


