„Финалисима“ ги скара Шпанија и Аргентина: Можно е откажување на фудбалскиот спектакл

Секој влече за својата страна. Аргентинците не сакаат да играат во предложениот Мадрид, а Шпанците не сакаат да патуваат на другата страна од светот, Буенос Аирес, па дури ни медијаторите од континенталните фудбалски организации не се согласуваат по ова прашање

Прегледи:

Датум:

Долго пред израелските и американските напади врз Иран, катарските власти го осмислија, закажаа и го пласираа на пазарот „Фудбалскиот фестивал“ во Доха, но прелевањето на војната во соседните земји го принуди организаторот да ги промени плановите кога стануваше збор за натпреварите на домашната репрезентација, Саудиска Арабија, Србија, Египет, Шпанија и Аргентина, закажани за крајот на овој месец.

Светот е најзаинтересиран за судбината на „Финалисима“, односно дуелот помеѓу актуелните светски шампиони – „гаучосите“ и победниците на последното Европско првенство – „црвената фурија“. Поради ризикот за безбедноста на играчите и навивачите, натпреварот беше преместен од Катар, но сè уште не е договорено ново место на одржување.

Секој влече за својата страна. Аргентинците не сакаат да играат во предложениот Мадрид, а Шпанците не сакаат да патуваат на другата страна од светот, Буенос Аирес, па дури ни медијаторите од континенталните фудбалски организации не се согласуваат по ова прашање.

Затоа, медиумите сè повеќе зборуваат за опцијата за одложување на натпреварот, иако двајцата тренери не се за таков епилог на неочекуваната драма. Бидејќи тоа би ги лишило од врвен тест, за време на кратките подготовки за Светското првенство во Канада, Мексико и САД (11 јуни – 19 јули).

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...