Хајдук се извини за однесувањето на своите навивачи: „Не сакаме Европа да нè памети вака, подготвени сме да ја понесеме одговорноста како клуб“

„Хајдук секогаш стои зад своите навивачи кои се негова безусловна поддршка и ветер на грбот сите овие години. Навивачи кои му даваат крилја на тимот кога е најтешко“

Прегледи:

Датум:

Хајдук секогаш стои зад своите навивачи кои се негова безусловна поддршка и ветер на грбот сите овие години. Навивачи кои му даваат крилја на тимот кога е најтешко. Но, кога се случуваат ситуации како денешната (вчерашната), должни сме да им се извиниме на оние кои дојдоа на стадионот да го бодрат тимот кој се врати на европските натпреварувања по 16 години, и на илјадниците од нив пред малите екрани кои беа сведоци на историската победа против Ајакс, стои во реакцијата на Хајдук по повод случувањата.

„Исто така, се извинуваме на организаторот на натпреварувањето и на раководството и играчите на Ајакс кои беа сведоци на сцени по кои не сакаме Европа да нè памети. Хајдук направи сè што можеше и мораше, според прописите на УЕФА, но и покрај сите напори што ги направивме, се случи нешто на што не сме горди, но сме подготвени да ја понесеме одговорноста како Клуб.

Оваа голема и значајна победа на тимот не смее да остане во сенка на настани за кои се надеваме дека никогаш нема да се повторат. Затоа, апелираме до сите да продолжат силно да го поддржуваат Клубот и играчите кои заслужија да играат пред полни трибини, во атмосфера што само навивачите на Хајдук можат да ја создадат“, велат оттаму.

Враќањето на Хајдук во Лигата на Европа по 16 години и победата од 2-1 над Ајакс беа засенети од настаните што доведоа до и за време на натпреварот.

Антисемитски скандирања за време на поворката, ковчег со името на Ајакс и пауза поради пиротехника на стадионот „Пољуд“ беа само дел од „фолклорот“ во текот на вчерашниот ден.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Холанѓаните во шок по случувањата на „Пољуд“: „Никогаш не сме виделе нешто вакво“

Хајдук ја отвори европската сезона со победа од 2-1...

Навивачи на Ајакс: Прекршено непишано навивачко правило во Сплит, „Торцида“ ги премина сите граници

Пред натпреварот Хајдук-Ајакс во Сплит, беа пријавени напади и...

Анкета пред почетокот на новата сезона во НБА: Вембањама ќе биде МВП, Сан Антонио ќе бидат шампиони

NBA.com ја објави својата годишна анкета за генерални менаџери...

Младиот возач на Ферари, Рафаел Камара, ќе вози за Хаас следната сезона

Лидерот во шампионатот во Формула 2 и член на...