Ројевиќ: Немавме доволно сила во средината за да го запреме Кузмановски

Тренерот на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ им се заблагодари на навивачте кои дојдоа во огромен број во Битола, им дале огромна поддршка и беа голем ветер во грб за тимот и покрај поразот со 27:24 кој дојде во последните моменти од натпреварот.

Прегледи:

Датум:

Тренерот на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ им се заблагодари на навивачте кои дојдоа во огромен број во Битола, им дале огромна поддршка и беа голем ветер во грб за тимот и покрај поразот со 27:24 кој дојде во последните моменти од натпреварот.

„Благодарност до нив за тоа. Мислам дека ние им возвративме со голема борба. Сметам дека клучниот момент беше исклучувањето на Јошида. Едноставно, веќе немавме доволно сила во средината за да го запреме Кузмановски“, го започна тој своето обраќање.

„Загубивме многу дуели еден на еден. До моментот кога имавме предност од три гола и ја контролиравме играта, бевме многу подобар противник. Но, како што кажав, подоцна едноставно ја немавме потребната сила во средината за да се носиме со него. Загубивме премногу дуели, му дозволивме на голманот да се разбрани и шутиравме полувисоки удари, иако се договоривме да не го правиме тоа“, тврди српскиот стратег.

Сигурен е дека доколку Јошида останелво игра, ГРК Охрид ќе стигнел до бодовите.

„На крајот, победа за Пелистер. Им честитам и им посакувам многу среќа во продолжението на првенството. Ние продолжуваме понатаму. Покажавме дека можеме, и тоа многу, да извлечеме поуки од овој натпревар и да продолжиме со добрите партии“, порача тој по мечот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо по поразот на Реал: Игравме лошо, но ниту судијата не беше на ниво

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, ги анализираше причините...

Алекс Маркез во болница, го пропушта финалето на сезоната во МотоГП

Тимот Гресини Дукати објави дека Алекс Маркез бил хоспитализиран...

Пелистер ја преживеа охридската бура: Кузмановски го предводеше битолскиот пресврт!

Еурофарм Пелистер го доби големото дерби против ГРК Охрид,...

Атлетико преживеа драма во Елче и се искачи на второто место во Ла Лига

Атлетико Мадрид ја продолжува борбата за врвот на Ла...