Организаторите потврдија: Синер нема да игра на Австралија Опен

Јаник Синер нема да игра на Австралија Опен во јануари бидејќи се опоравува од операција на десното колено, потврдија денеска организаторите на првиот Гренд Слем турнир следната година

Прегледи:

Датум:

Јаник Синер нема да игра на Австралија Опен во јануари бидејќи се опоравува од операција на десното колено, потврдија денеска организаторите на првиот Гренд Слем турнир следната година.

Извршниот директор на Тенис Австралија, Ендру Абдо, изјави за Асошиејтед Прес (АП) дека тимот на Синер им потврдил дека тој нема да дојде во Мелбурн по неговата неодамнешна операција.

„Јаник сака да игра тука во Мелбурн и со нетрпение очекува да се врати на АО 2028. Му посакуваме се најдобро во закрепнувањето и со нетрпение очекуваме наскоро да го видиме повторно на теренот“, рече Абдо.

Синер изјави во вторник дека имал „мала“ процедура на десното колено, бидејќи не реагирала добро на други терапии. Тој не го прецизираше рокот за враќање на турнејата.

Порано овој месец, на прес-конференција во Милано, тој рече дека мора да ги почитува протоколите, бидејќи брзањето може да донесе посериозни проблеми.

Дваесет и пет-годишниот Италијанец не играл од јули, кога ја одбрани титулата на Вимблдон и го освои својот петти Гренд слем во кариерата. Тој ја прекина сезоната минатиот месец кога неговиот менаџмент објави дека ќе прима третман за воспаление на коленото, а во меѓувреме Александар Зверев го презеде првото место на АТП ранг-листата.

Ова е негово второ продолжено отсуство од турнејата за две години. Во 2025 година, тој прифати тримесечна суспензија во спогодба со Светската антидопинг агенција (WADA).

Отвореното првенство на Австралија започнува на 17 јануари во Мелбурн Парк, каде што Синер имаше многу успеси. Тој го освои својот прв Гренд слем во 2024 година со победа во пет сета над Даниил Медведев, а ја одбрани титулата една година подоцна во финалето против Зверев.

Во седум настапи во Мелбурн, тој има резултат од 27 победи и пет порази. Оваа година, беше запрен од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето.

Отсуството на Синнер беше наговестено во среда од официјалниот профил на Австралија Опен на мрежата X со објавата: „Ќе ни недостигаш ова лето @janniksin. Ти посакуваме брзо закрепнување“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Флик сруши рекорд на Гвардиола

Tренерот на Барселона, Ханси Флик, постави нов рекорд во...

📽️ Компани по поразот од Лил: Мора да се бориме за да се вратиме во форма

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, го коментираше првиот...

Горд сум на играчите, покажаа карактер и индивидуалност, рече Покетино по ремито во Лисабон

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Маурисио Покетино, го пофали карактерот...

🎥 Неверојатната грешка на Ламенс што му ја одзеде првата победа на Покетино како тренер на Јунајтед

Голманот на Манчестер Јунајтед, Сен Ламенс, направи несмасна одбрана...