Херера: Најголемо нешто што може да се случи во мојата кариера е да го облечам дресот на Македонија

Македонската репрезентација денеска ги започна подготовките за претстојниот плеј-оф натпревар против Данска за пласман на Светското првенство

Прегледи:

Датум:

Македонската репрезентација денеска ги започна подготовките за претстојниот плеј-оф натпревар против Данска за пласман на Светското првенство. Националниот тим денеска одработи тренинг во тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Во отсуство на неколкумина фудбалери кои се очекува да му се приклучат на тимот во текот на вечерта, своите први импресии ги сподели Себастијан Херера. Тој истакна дека тимот треба да биде максимално мотивиран и да верува во сопствениот квалитет пред гостувањето во Копенхаген на 26 март.

„За мене ова е нешто најголемо што може да се случи во мојата кариера, да го облечам дресот на Македонија. Навистина е чест и огромно задоволство што сум тука. Ќе дадам сè од себе за да помогнам на репрезентацијата. Ова го посакував, го чекав и го сонував долго време и среќен сум што конечно дојде моментот. Со нетрпение очекувам да започнеме.

Најважно е да бидеме тим, сите заедно. Знам дека на мојата позиција Алиоски има големо искуство и многу години во репрезентацијата, и тоа е дополнителна мотивација. Очекувам тежок натпревар. Данска е силна репрезентација, но ние се фокусираме на нас самите. Верувам дека натпреварот е 50-50 и дека сè зависи од нас. Одиме максимално мотивирани и се надевам на позитивен резултат, зошто да не и пласман во финале.“, порача Херера.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...