Фабијани и Вардар се договориле да се разделат

ФК Вардар АД Скопје и шефот на стручниот штаб Кристијан Фабијани постигнаа спогодбен договор за раскин на договорот, кој стапува во сила веднаш, соопштија од клубот.

Прегледи:

Датум:

ФК Вардар АД Скопје и шефот на стручниот штаб Кристијан Фабијани постигнаа спогодбен договор за раскин на договорот, кој стапува во сила веднаш, соопштија од клубот.

Ова е епилог од лошиот старт на сезоната, откако Вардар вчера претрпе пораз од 0-2 на домашен терен од Шкендија.

Синоќа и навивачката група „Комити“ испратија остра реакција по поразот. Оттаму порачаа дека се разочарани и гневни поради играта на Вардар, како и дека нема да се толерираат слични дебакли на теренот и побараа оставки.

„НИЕ СЕКОГАШ ЗА ТИМОТ, А ВИЕ ИЗГУБЕТЕ СЕ ВО ДИМОТ! Порази имало и ќе има, а во минатото токму тие моменти не правеле посилни, затоа што јасно се гледала желбата и мотивот за да се победи на теренот, затоа што јасно се гледа како се гине кога се сака. Денес на Градски не видовме ништо, едно големо НИШТО од сето тоа кое треба да го краси Вардаровиот тим! Не сте свесни колку сме бесни, како и сите Вардарци и затоа веднаш на почеток да ви биде јасно дека вакви дебакли нема да се толерираат“, порачаа „Комити“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Македонија конечно се израдува на гол, но поразите продолжуваат: Седлоски и натаму без победа!

Македонската фудбалска репрезентација повторно си заминува со наведнати глави,...

📸 Новиот грандиозен имот на Леброн Џејмс е речиси завршен

Пред три години, 41-годишниот американски кошаркар сруши куќа од...

Ѕвездата на Пеликанс бара размена!

Дежонте Мареј сака да ги напушти Њу Орлеанс Пеликанс!...