Колина најавува промени: ВАР, казни и нови правила го менуваат фудбалот

Целта е да се подигне нивото на судење и да се намалат грешките

Прегледи:

Датум:

Шефот на судиите на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, изјави дека судењето во модерниот фудбал може да се развива со исто темпо како и играта, со низа нови правила и иновации што се подготвуваат за следните големи натпреварувања.

Поранешниот елитен судија моментално е во Мајами, каде што учествува на подготвителен семинар пред Светското првенство со околу 170 судии.

– Нашата идеја е да го одржиме или подигнеме нивото од претходните години. Фудбалот постојано се развива и ние мора да бидеме во чекор со тоа темпо – рече Колина.

Италијанецот откри голем број потенцијални промени што би можеле значително да влијаат на динамиката на играта. Меѓу нив се построги казни за неспортско однесување, вклучително и ситуации во кои играчите ја покриваат устата за време на конфликти или го напуштаат теренот без дозвола.

Се разгледуваат и нови правила во врска со извршувањето на прекините – гол-аутите и аутите би можеле да бидат казнети ако има доцнење по предупредувањето на судијата, додека замените на играчите би морале да се извршат во строго дефиниран временски рок.

Повредите што бараат медицинска интервенција би можеле да резултираат и со тоа играчот да биде принуден да ја напушти играта за кратко време.

Посебно внимание се посветува на ВАР технологијата, која би можела да има уште поширока примена во иднина. Се разгледува можноста за преиспитување на втор жолт картон што води до исклучување, како и корекција на очигледно погрешни одлуки како што се корнерите.

– Не можеме да дозволиме натпреварите да бидат решени од очигледни грешки. Сакаме да ги заштитиме играчите и да го одржиме ритамот на играта. Навивачите сакаат да ги видат најдобрите фудбалери на теренот, а не надвор од него поради повреди – заклучи Колина.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Дончиќ со „дабл-дабл“ каков што никогаш немал во животот, Лејкерс сепак го добија градското дерби

Дербито на Лос Анџелес синоќа се играше во Калифорнија,...

Леклер ги намалува очекувањата по двојниот триумф на тренинзите во САД

Шарл Леклер беше најбрз и највешт на првата и...

Маркез победи на спринт трката во Австралија, Мартин скрши рака

Марк Маркез победи на спринт трката на „Филип Ајленд“...

Конте го прекина молчењето за Јунајтед: „Не сум поставувал услови“

Антонио Конте проговори за шпекулациите за преземање на Манчестер...