Комити ќе го бојкотираат Вардар додека не си замине Неделковски

Навивачката група Комити на отворен состанок донесе одлука за бојкот на сите натпревари на ФК Вардар а истиот ќе трае се додека Управата на чело со Миленко Неделковски не поднесе оставка и не си замине од клубот, соопштија оттаму

Прегледи:

Датум:

Навивачката група Комити на отворен состанок донесе одлука за бојкот на сите натпревари на ФК Вардар а истиот ќе трае се додека Управата на чело со Миленко Неделковски не поднесе оставка и не си замине од клубот, соопштија оттаму. Оваа одлука, според нив, е донесена и со претходна консултација и разговори со сите подгрупи, на кои истата е едногласно поддржана.

„Причините за бојкот се аматеризмот, како и примитивизмот кои владеат во клубот, а кои се директна последица на катастрофалните одлуки кои Управата ги носи на секое поле и поради срамниот однос кон навивачите, кој кулминираше на последниот натпревар кога обезбедувањето на Управата, по наредба на Миленко Неделковски се дрзна и ги нападна децата на групата и клубот, кој претставува последен срамен чин кој нема да се повтори никогаш повеќе, тоа ние ви го гарантираме!“, стои во обраќањето до јавноста на навивачката група.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...