Крај на една ера: Баерн го испраќа Нојер во пензија, веќе има замена

Баерн веќе работи за следната сезона. Доколку ветеранот Мануел Нојер одлучи да ги „закачи ракавиците“, Баварците ќе се свртат кон доведување на нов голман. 40-годишниот ветеран сè уште не донел конечна одлука за својата иднина, но клубот веќе го пронајде неговиот наследник

Прегледи:

Датум:

Баерн веќе работи за следната сезона. Доколку ветеранот Мануел Нојер одлучи да ги „закачи ракавиците“, Баварците ќе се свртат кон доведување на нов голман. 40-годишниот ветеран сè уште не донел конечна одлука за својата иднина, но клубот веќе го пронајде неговиот наследник.

Во случај искусниот голман да ја заврши кариерата, „Алијанц Арена“ планира да се потпре на Јонас Урбиг како нов прв избор за голман, но во меѓувреме имаат намера да доведат уште еден искусен голман кој би бил алтернатива. Според информациите од „Билд“, Баерн го насочил вниманието кон Даниел Хојер Фернандес од Хамбург.

Поранешниот голман на португалската младинска репрезентација до 21 година е веќе на врвот на краткиот список на кандидати, кој го состави спортскиот менаџмент на клубот.

Јутјуб/Принтскрин/HSV

Покрај неговите физички и технички квалитети, карактерот и фактот дека веќе има 187 официјални натпревари на голот на ХСВ, Португалецот се вклопува и поради неговиот позитивен став. Во оваа фаза од неговата кариера, тој со задоволство би ја прифатил идејата да дојде на „Алијанц Арена“.

Покрај тоа, договорот на голманот истекува во јуни и сè уште не е продолжен. Доколку ситуацијата остане непроменета, тој би можел да го промени клубот следното лето, без да плати отштета.

Сепак, доколку Хамбург успее да го задржи своето место во првата лига, неговиот договор автоматски ќе биде продолжен до 2027 година. Сепак, дури ни тоа не гарантира дека ќе остане, особено ако Баерн ги забрза преговорите за да го доведе.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Премиер лига: Халанд кобен за Ковентри, прв бод за Тотенхем

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Ковентри со 1-0...

Бундеслига: Дортмунд и Елвесбург со пресврти, Лајпциг поразен

Борусија Дортмунд го победи Хофенхајм со 3-2 на гости,...

Изненадување на сезоната: Гасли ја освои пол-позицијата во Монца

Пјер Гасли го направи изненадувањето на сезоната во Формула...

🎥Аматеризам: Милиметри ги делеа Сити и Донарума од бизарен автогол

Голманот на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, речиси направи кардинална...