Лаутаро: Реал Мадрид има одлични играчи, но можеме да се натпреваруваме со нив

Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, ги сподели своите очекувања пред утрешниот судир со Реал Мадрид во првото коло од Лигата на шампионите

Прегледи:

Датум:

Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, ги сподели своите очекувања пред утрешниот судир со Реал Мадрид во првото коло од Лигата на шампионите.

„Имавме малку време да се опоравиме по натпреварот со Наполи, но сме подготвени за почетокот на овој престижен турнир. Подготвени сме за одличен натпревар против достоен противник на важен стадион. Нашата цел е да постигнеме добар резултат“, рече Аргентинецот.

На прашањето дали Интер започнува на исто рамниште со Реал, со оглед на нивните силни настапи во Европа во последните години, Мартинез одговори самоуверено.

„Да, поминавме неколку години на високо ниво, стигнавме до три финалиња (две во Лигата на шампионите и едно во Лигата на Европа од 2020 година – н.з.) и постојано покажуваме дека растеме. Реал Мадрид има многу одлични играчи, но и ние имаме свои силни страни. Знаеме дека можеме да се натпреваруваме со нив“, коментираше тој.

Напаѓачот зборуваше и за неговата лична мотивација да го освои највредниот европски клупски трофеј, кој сè уште недостасува во неговата колекција.

„Секоја година си поставувам различни цели – од Купот на Италија и Суперкупот до првенството и Лигата на шампионите, бидејќи во голем клуб како овој играте за да ги освоите сите можни трофеи. Утре започнува патот кон нова цел, кон која мора да се стремиме“, заклучи Мартинез.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Голем удар за Арсенал: Букајо Сака ќе паузира два месеци поради повреда

Арсенал стравува дека Букајо Сака ќе отсуствува најмалку шест...

Де Зерби: Лошата статистика на Тотенхем против Челси е одлична мотивација

Менаџерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, изјави дека лошата...

Норис зема апчиња за да се справи со нерамнините на „Circuit of the Americas“

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, откри дека...

Тројца пилоти се соочуваат со казни за Големата награда на САД

Најмалку тројца возачи ќе бидат вратени на стартната линија...