Ливерпул плати 35 милиони за новиот Куртоа

Ливерпул постигна усмен договор со Генк за трансфер на 18-годишниот голман Лука Бругманс, објави Фабрицио Романо

Прегледи:

Датум:

Ливерпул постигна усмен договор со Генк за трансфер на 18-годишниот голман Лука Бругманс, објави Фабрицио Романо.

Според достапните информации, трансферот треба да вреди вкупно 35 милиони евра, додека планот е младиот голман да пристигне на „Енфилд“ во летото 2027 година.

Ливерпул веќе доби одобрение за спроведување на медицински прегледи, кои претставуваат следниот чекор во трансферот.

По успешното завршување на прегледите, остануваат уште неколку формалности за официјално да се склучи договорот.

Бругманс се смета за еден од поперспективните млади голмани и наследник на сонародникот Тибо Куртоа, кој исто така порасна во Генк, а Ливерпул очигледно одлучи да реагира навреме и да го обезбеди неговото доаѓање.

Англискиот клуб на тој начин ќе издвои пакет од дури 35 милиони евра за тинејџерот кој одигра само 15 натпревари на професионално ниво, што претставува значајна инвестиција во иднината на тимот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тренерот на ФК Охрид доби забрана за вршење функција во траење од 1 месец.

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлуки...

Жалбата на Реал одбиена – Винисиус аут за „Ел Класико“

Апелациониот комитет на Шпанската фудбалска федерација (RFEF) ја отфрли...

Рис Џејмс опериран, капитенот на Челси повторно ќе биде надвор од теренот

Капитенот на Челси, Рис Џејмс, бил подложен на операција...

🎬 Почетокот на неверојатна кариера: Меси дебитираше за Барселона пред 22 години

На денешен ден пред 22 години, на 16 октомври...