Ливерпул преговарал со Мбапе: „Вртевме кругови со авион, не смееше никој да не види…“

Јирген Клоп раскажа како клубот од „Енфилд“ се обидел да го убеди Килијан Мбапе да се придружи на „црвените“

Прегледи:

Датум:

Јирген Клоп раскажа како клубот од „Енфилд“ се обидел да го убеди Килијан Мбапе да се придружи на „црвените“.

Клоп присуствуваше на натпреварот помеѓу Франција и Мароко во четвртфиналето на Светското првенство, беше сведок на уште една лесна победа за Французите и танцот на Мбапе, со кого се поздрави многу топло по натпреварот. Мбапе дури и ја прекина прославата само за да се поздрави со германскиот стратег.

Нивното познанство датира одамна. Повторното обединување со француската ѕвезда беше и повод Клоп да раскаже еден настан од пред доста години, малку познат на фудбалските фанови.

Беше летото кога Мбапе го напушти Монако и беше ѕвезда на преодниот рок. Ливерпул во тој период, според сведочењето на Клоп, направил сè за да го доведе…

„Мбапе е најскапиот случај што не резултираше со трансфер, а во кој ние (Ливерпул) инвестиравме средства. Летавме од Блекпул до Ница. Во Ница, целото семејство Мбапе се качи на приватен авион со пет соби или нешто слично“, откри Клоп и го привлече вниманието на својот соговорник пред камерите на германската „Магента“.

Беше во толку голем авион, го праша новинарот Клоп.

„Да, да, навистина се потрудивме. Потоа летавме во кругови, разговаравме со семејството, јадевме добра храна… Сето тоа се случи во авионот“.

Кога новинарот претпостави дека експедицијата на Ливерпул не сака да биде видена со Мбапе, Клоп го поправи:

„Не смееше да бидеме видени заедно… Ние кружевме. Беше фантастично“, одговори Германецот.

На крајот, сите напори на „Црвените“ не беа доволни. Мбапе го избра Пари Сен Жермен.

„А потоа отиде во Париз…“, заклучи Клоп.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...