Пропадна договорот за Гакпо, па Сити му даде на Евертон 75 милиони евра за Сенегалец

Манчестер Сити доцна синоќа, на претпоследниот ден од преодниот рок во Англија, договори ново засилување од нивниот ривал од Премиер лигата

Прегледи:

Датум:

Манчестер Сити доцна синоќа, на претпоследниот ден од преодниот рок во Англија, договори ново засилување од нивниот ривал од Премиер лигата.

Како што потврди Фабрицио Романо со своето „Еве нè“, новиот играч на Сити ќе биде Илиман Ндијаје, сенегалски репрезентативец кој доаѓа на „Етихад“ од Евертон.

Ндијаје беше еден од најдобрите играчи на Евертон минатата сезона, а сега Сити одлучи да плати близу 75 милиони евра отштета за него.

Сити одлучи да направи таков потег откако пропадна договорот со Ливерпул, кој требаше да го продаде Коди Гакпо на Сити.

Трансферот на Гакпо пропадна бидејќи „црвените“ не можеа да најдат замена за холандскиот фудбалер, но Сити реагираше брзо и го обезбеди потписот на Ндијаје.

Ндијаје постигна шест гола и запиша три асистенции во 32 натпревари од Премиер лигата за Евертон минатата сезона. Претходно играше за Марсеј и Шефилд Јунајтед.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тренерот на ФК Охрид доби забрана за вршење функција во траење од 1 месец.

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлуки...

Жалбата на Реал одбиена – Винисиус аут за „Ел Класико“

Апелациониот комитет на Шпанската фудбалска федерација (RFEF) ја отфрли...

Рис Џејмс опериран, капитенот на Челси повторно ќе биде надвор од теренот

Капитенот на Челси, Рис Џејмс, бил подложен на операција...

🎬 Почетокот на неверојатна кариера: Меси дебитираше за Барселона пред 22 години

На денешен ден пред 22 години, на 16 октомври...