Милан ги одобрил трансфер плановите на Алегри

Сопственикот на Милан, Џери Кардинале, дал зелено светло за летниот трансфер избор што е во согласност со желбите на тренерот Масимилијано Алегри. Плановите на клубот вклучуваат доведување на барем еден нов дефанзивец, играч на двете крила и неколку млади фудбалери

Прегледи:

Датум:

Сопственикот на Милан, Џери Кардинале, дал зелено светло за летниот трансфер избор што е во согласност со желбите на тренерот Масимилијано Алегри. Плановите на клубот вклучуваат доведување на барем еден нов дефанзивец, играч на двете крила и неколку млади фудбалери.

„Газета дело Спорт“ го наведува и приоритетниот дефанзивец што го забележале „росонерите“. На врвот на листата е Марио Хила од Лацио. Интересно е што токму сегашниот спортски директор на Милан, Игли Таре, го донесе на „Олимпико“ пред четири години. Се верува дека гигантот од Милано е подготвен да плати помеѓу 20 и 25 милиони евра за Шпанецот, но според Николо Шира, неговата цена е 30.000.000, иако неговиот договор истекува следната година.

Причината е што 50 проценти од трансферната сума ќе одат во касата на неговиот поранешен клуб, Реал Мадрид. Покрај тоа, конкуренцијата за потписот на 25-годишникот е сериозна, бидејќи неговите агенти контактирале и со Интер, Јувентус и Наполи.

Милан се надева дека ќе го убеди дефанзивецот да им се придружи во нивниот ветувачки проект, кој предвидува предизвик за Скудетото по потенцијалното враќање во Лигата на шампионите следната сезона. Друг дефанзивец кој го привлече вниманието на клубот е Томас Кристенсен од Удинезе, додал изворот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...