Миовски: Самиот ќе ги менаџирам сите активности поврзани со мојата професионална кариера и иднина

Фудбалерот на Глазгов Ренџерс и репрезентативец на Македонија, Бојан Миовски преку социјалните мрежи сподели дека одлучил сам да се грижи за својата кариера и дека не е претставуван од никој

Прегледи:

Датум:

Фудбалерот на Глазгов Ренџерс и репрезентативец на Македонија, Бојан Миовски преку социјалните мрежи сподели дека одлучил сам да се грижи за својата кариера и дека не е претставуван од никој.

„Сакам да потврдам дека во моментов не сум претставуван од ниту еден агент или менаџерска агенција. Во следниот период лично самиот ќе ги менаџирам сите активности поврзани со мојата професионална кариера и иднина. Било какви барања околу мојата кариера или идни можности треба да бидат упатени лично до мене“, стои во соопштението кое го објави на социјалните мрежи.

Миовски не е редовен стартер во шкотскиот тим и својата шанса ја чека од клупата. Летово имаше информации дека бара нов клуб, но до трансфер така и не дојде.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мареска потврди дека Халанд е спремен за натпреварот против Астон Вила

Менаџерот на Манчестер Сити, Енцо Мареска, потврди дека Ерлинг...

„Форбс“: Роналдо надмина 2 милијарди долари заработка, првпат во спортската историја

Кристијано Роналдо повторно е на врвот на листата на...

📷 Меси се врати во Шпанија, ја доби наградата „Принцеза од Астурија“

Лионел Меси пристигна во шпанскиот регион Астурија, каде што...

Интервју со Ристовски: Голем дел од спортистите во Македонија сè уште немаат финансиска сигурност

Да бидеме реални, голем дел од спортистите во Македонија...