Млад руски фудбалер призна убиство на жена, се соочува со 15 години затвор

Млад руски фудбалер, Данил Секач, признал дека убил жена во нејзиниот стан во Москва по наредба на измамници, објави Рускиот истражен комитет.

Прегледи:

Датум:

Млад руски фудбалер, Данил Секач, признал дека убил жена во нејзиниот стан во Москва по наредба на измамници, објави Рускиот истражен комитет.

„По наредба на измамници, (напаѓачот) дошол (во станот) да го отвори сефот. Потоа му наредиле да го убие сопственикот на станот“, рече тој во својата изјава, како што објави Истражниот комитет на неговиот канал Телеграм.

Како што објави Марка, против 20-годишниот Секач е покрената кривична постапка, а тој се соочува со казна затвор до 15 години.

Секач беше уапсен во саботата во хотел кој се наоѓа на околу 14 километри од местото на злосторството.

„Признавам сè и жалам за тоа“, додаде Секач, кој играше за руската младинска репрезентација, а моментално игра за резервниот тим на ФК Урал во Екатеринбург.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...