На Левандовски му нудат 20 милиони евра по сезона

Роберт Левандовски, кој ја напушти Барселона, добил исклучителна понуда од 20 милиони евра плата по сезона од Фенербахче, тврди полскиот новинар Томаш Вуодарчик

Прегледи:

Датум:

Роберт Левандовски, кој ја напушти Барселона, добил исклучителна понуда од 20 милиони евра плата по сезона од Фенербахче, тврди полскиот новинар Томаш Вуодарчик. Таа дошла од Хакан Сафи, кој е еден од двајцата кандидати за претседател на турскиот гигант.

На крајот од неделата има гласање за нов претседател на Фенербахче, а Сафи се натпреварува со Азиз Јилдирим. Двајцата ветуваат привлекување на светски позната ѕвезда, а Левандовски е адут во кампањата на Сафи.

Самиот голгетер станува слободен агент, бидејќи му истекува договорот со Каталонците.

Лева, кој ќе наполни 38 години во август, тврди дека сè уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата. За него има интерес и од САД, пред сите од Чикаго Фаер.

Во меѓувреме, има информации дека Фенербахче веќе потпишал уште еден централен напаѓач во лицето на Ведат Муричи од Мајорка.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...