Над 28 милиони луѓе потпишаа петиција со која се бара Мбапе да биде продаден

Петицијата на навивачите на Реал Мадрид со која се бара продажба на ѕвездениот напаѓач Килијан Мбапе достигна 28 милиони потписи, објави „Скај Спортс“. Првичната цел од 200.000 за петицијата „Мбапе Аут“ е надмината многу пати, а нејзината цел е Французинот да биде продаден на крајот од сезоната

Прегледи:

Датум:

Петицијата на навивачите на Реал Мадрид со која се бара продажба на ѕвездениот напаѓач Килијан Мбапе достигна 28 милиони потписи, објави „Скај Спортс“. Првичната цел од 200.000 за петицијата „Мбапе Аут“ е надмината многу пати, а нејзината цел е Французинот да биде продаден на крајот од сезоната.

„Ако верувате дека е потребна промена, не молчете – потпишете ја оваа петиција и бранете го она што верувате дека е најдобро за иднината на клубот“, повикуваат иницијаторите.

Мбапе, кој моментално страда од повреда на бутот, е предмет на сериозни критики во последните недели, особено откако беше фотографиран на одмор во Сардинија со својата девојка. Како одговор, претставниците на 27-годишниот напаѓач објавија соопштение во кое велат дека неговото патување е одобрено од клубот.

„Некои од критиките се базираат на претерување на фактите поврзани со периодот на опоравување кој строго го следи клубот. Ова не одговара на реалноста и посветеноста на работата на Килијан, што тој ја демонстрира секојдневно за доброто на тимот“, напиша тимот на Мбапе.

Откако пристигна во шпанската престолнина во летото 2024 година, францускиот интернационалец има 85 гола на 100 натпревари, но Реал Мадрид е без домашна титула или трофеј од Лигата на шампионите две сезони по ред.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Карик задоволен од селекцијата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека е...

🎬 Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година

Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до...

Апелациониот суд на ФИА му го одзеде подиумот на Гасли на ГН во Монако

Три месеци по Големата награда на Монако, трката во...

Мекларен го праќа Норис во Ле Ман следната година?

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, би можел...