Нејмар повторно се повреди, ќе отсуствува четири до осум недели

Нејмар се повреди по којзнае кој пат во својата кариера. Овој пат станува збор за сериозна повреда на мускулот, па ќе отсуствува четири до осум недели.

Прегледи:

Датум:

Нејмар се повреди по којзнае кој пат во својата кариера. Овој пат станува збор за сериозна повреда на мускулот, па ќе отсуствува четири до осум недели.

Нејмар се повреди во дуелот со Палмеирас во Купот на Бразил, па Сантош ќе мора да се снајде без него во важен дел од сезоната.

Колку Нејмар значи за Сантош покажува фактот дека на 24 натпревари во сите натпреварувања постигна осум гола и запиша ист број асистенции.

Бразилецот за повредата го обвини лошиот терен.

„Сакам да му честитам на нашиот теренец во Вила Белмиро. Вчера беше најлошиот терен што го видел овој стадион, полн со дупки, бидејќи денот пред натпреварот мораа да го средат. Неверојатно“, напиша Нејмар на социјалните мрежи.

Сантос моментално е на 14-то место, само четири бода над зоната за испаѓање.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Грчката кошарка во центарот на скандал: Истрага поради сомневања за местење натпревари

Грчката кошарка е потресена од голем скандал откако, според...

Бернал доби суспензија од четири натпревари поради удирањето на Јамал

Факундо Бернал, играчот од средниот ред на Реал Бетис,...

Неверојатна приказна го обиколи светот: Ослабел 108 кг, се вратил во фудбалот и добил повик од гигант

Приказната за 32-годишниот бразилски футсал играч Брено Едувиге, попознат...

Големиот пад на поранешната ѕвезда: Каде „исчезна“ Алваро Мората?

Што се случува со Алваро Мората? Тоа е прашањето...