Неверојатниот пад на еден великан: Рафа Бенитез доби отказ и во Панатинаикос

Искусниот шпански стручњак Рафаел Бенитез ја заврши својата епизода во Панатинаикос по само шест месеци, а разделбата со грчкиот гигант доаѓа со висока цена

Прегледи:

Датум:

Искусниот шпански стручњак Рафаел Бенитез ја заврши својата епизода во Панатинаикос по само шест месеци, а разделбата со грчкиот гигант доаѓа со висока цена.

Иако клубот сè уште не издаде официјално соопштение, грчките медиуми веќе објавуваат дека Бенитез е отпуштен од тренерската позиција.

Со ова завршува неговата кратка, но турбулентна авантура во Атина.

Скапа грешка за Панатинаикос

Бенитез, кој беше најплатениот тренер во историјата на грчкиот фудбал, го остава клубот со отпремнина од околу пет милиони евра, што дополнително покажува колку амбициозен – но и неуспешен – бил овој проект.

Резултати под очекувањата

Во моментот на неговото заминување, четири кола пред крајот на првенството, Панатинаикос е на четвртото место во плејофот, што води до квалификациите за Конференциската лига. Разликата зад третопласираниот ПАОК е осум бода, што е практично недостижно.

Бенитез го предводеше тимот во 37 натпревари, со учинок од 20 победи, девет нерешени и осум порази. Сепак, ваквите резултати не го задоволија раководството, особено имајќи предвид дека клубот потроши повеќе од 30 милиони евра за засилувања оваа сезона.

Падот на великанот

Поранешниот освојувач на Лигата на шампионите со Ливерпул, двоен шампион на Шпанија со Валенсија и освојувач на Лигата на Европа со Челси, не можеше да најде континуитет на врвно ниво во последните години.

Патанаикос на тој начин стана уште еден во низата клубови кои скапо платија за ангажманот на познатиот тренер, чија кариера долго време е во опаѓачка траекторија.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...