Нов шок за Барселона: Флик загуби уште еден важен играч пред „Ел Класико?“

Пред два дена, Барселона го доживеа првиот пораз во сезоната, губејќи од ПСЖ во Лигата на шампионите (4:2). Но, вистинскиот кошмар за тренерот Ханси Флик започна дури по последниот свиреж на судијата, бидејќи се покажа дека Дани Олмо не е единствената жртва на судирот во Париз

Прегледи:

Датум:

Пред два дена, Барселона го доживеа првиот пораз во сезоната, губејќи од ПСЖ во Лигата на шампионите (4:2). Но, вистинскиот кошмар за тренерот Ханси Флик започна дури по последниот свиреж на судијата, бидејќи се покажа дека Дани Олмо не е единствената жртва на судирот во Париз.

Во спектакуларниот дуел на „Паркот на принцовите“, ПСЖ покажа дека во овој момент се уште се чекор над машината на Барса предводена од Ханси Флик. Сепак, недостатокот на резултати и првиот пораз во сезоната против актуелниот европски шампион паднаа во втор план откако германскиот стратег доби загрижувачки вести во соблекувалната.

Веќе е познато дека поради повреда, Дани Олмо мораше да го напушти теренот во првото полувреме, и ќе биде надвор од игра околу еден месец, но проблемите за Каталонците не завршија тука.

Шпанските медиуми објавуваат дека и Хави Еспарт го напуштил теренот поради повреда. Младиот дефанзивец одигра фантастичен натпревар и дури го постигна својот прв гол за Барселона, но во последните минути побара замена поради болки во глуждот.

Флик веднаш реагираше и го повлече на клупата, а по неговото враќање во Шпанија беа извршени дополнителни прегледи. Сè уште е неизвесно дали Еспарт ќе биде подготвен за неделното „Ел Класико“, што би бил огромен удар за Барселона. Имено, Жил Кунде и Ерик Гарсија веќе се на списокот на повредени, па отсуството на Еспарт би било вистински кошмар за бековската линија на Каталонците.

Иако Барселона е оптимист и верува дека повредата на Еспарт не е сериозна, сè уште се чека зелено светло од медицинската служба. Наредните денови ќе откријат дали брилијантниот дефанзивец ќе се опорави на време за најголемото шпанско дерби.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Д-р Марко: Антонели целосно го засени Расел во Мерцедес

Поранешниот советник на Ред Бул, Хелмут Марко, го пофали...

Шумахер го повика Кадилак да го замени Ботас со Окон

Поранешниот возач на Формула 1, Ралф Шумахер, верува дека...

Синер можеби ќе игра пред крајот на годината

Иако од таборот на Јаник Синер неодамна објавија дека...

Дончиќ за судирот со Лендеборг: Кога ме провоцираат, добиваат поинаква верзија од мене

Лука Дончиќ ја одбележа убедливата победа на Лос Анџелес...