По Салиба, се повреди и Езе – ќе отсуствува најмалку еден месец

Додека трае репрезентативната акција, лошите вести често пристигнуваат. Собирите штотуку започнаа, а Арсенал веќе го облева ладна пот

Прегледи:

Датум:

Додека трае репрезентативната акција, лошите вести често пристигнуваат. Собирите штотуку започнаа, а Арсенал веќе го облева ладна пот.

Вчера, Француската фудбалска федерација објави дека Дидие Дешан нема да може да се потпре на Вилијам Салиба и дека морал да назначи замена за него, и дека го повикал Максенс Лакроа, а денес нови лоши вести во врска со здравјето на Еберечи Езе.

Салиба почувствувал болка во зглобот на левата нога и не е прецизирано колку долго ќе отсуствува, но се појавија првите прогнози за Еберечи Езе – тој ќе отсуствува минимум еден месец.

Еберечи Езе почувствувал болка во листот на ногата за време на натпреварот со Баер Леверкузен, а во меѓувреме доби повик во репрезентацијата на Англија,. Тој отсуствуваше од финалето на Лига купот, во кое „топџиите“ загубија од Манчестер Сити, и нема да му биде на располагање на Томас Тухел.

Би-Би-Си објави дека Арсенал ќе биде без напаѓач во клучни моменти. Во најдобар случај, тој ќе се врати на теренот во втората половина на април, што би значело дека ќе го пропушти четвртфиналниот дуел со Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите, но дека паузата би можела да биде подолга…

Не е исклучено Езе да не може да игра во следните шест недели, што би значело и дека ќе го пропушти натпреварот со Манчестер Сити во Премиер лигата. Ова не е охрабрувачка вест за Микел Артета, но добрата работа во целата приказна е што нема клупски фудбал во следните десет дена, а Мартин Одегард е здрав.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...