Револуционерна промена: ФИФА воведува ново правило

Фудбалските фанови ширум светот се подготвуваат за Светското првенство, кое годинава ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико

Прегледи:

Датум:

Фудбалските фанови ширум светот се подготвуваат за Светското првенство, кое годинава ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико.

Досега се познати имињата на 42 репрезентации што ќе бидат на светскиот фудбалски фестивал, а преостанатите шест репрезентации ќе бидат објавени по дополнителните квалификации што ќе бидат завршени до последниот ден од март.

И додека температурата полека расте, светската куќа на фудбалот (ФИФА) одлучи да воведе ново правило кое изненади многумина, благо речено.

Имено, со цел да се зголемат можностите за развој на женската тренерска професија, новото правило од оваа недела е дека тренерскиот персонал на секоја женска репрезентација мора да има минимум две жени. Една од нив мора да ја извршува функцијата или главен тренер, или прв асистент, или асистент.

Ова е направено со цел конечно да им се даде шанса на жените експерти, бидејќи во најголемите лиги само околу една петтина од тренерите на женските тимови се жени.

Останува да се види дали во иднина одреден број жени ќе бидат задолжителни и во машките национални тимови.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...