Сити го победи Челси и ја намали разликата во однос на лидерот Арсенал на шест бода

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија домашниот тим Челси со 3:0 денес во Лондон, во натпреварот од 32-то коло од Премиер лигата и ја намалија разликата во однос на лидерот Арсенал на шест бода.

Прегледи:

Датум:

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија домашниот тим Челси со 3:0 денес во Лондон, во натпреварот од 32-то коло од Премиер лигата и ја намалија разликата во однос на лидерот Арсенал на шест бода.

Сити поведе во 51-та минута кога стрелец беше Нико О’Рајли, а шест минути подоцна Марк Геј го удвои водството.

Конечниот резултат го постави Џереми Доку во 68-та минута.

Сити ја заврши серијата од два нерешени резултати и по 19-та победа е втор на табелата со 64 бода, шест бода помалку и натпревар помалку од првопласираниот Арсенал.

Челси го претрпе третиот последователен пораз, или четврти во последните пет натпревари и има 48 бода на шестото место на табелата.

Во следното коло, Сити ќе го пречека Арсенал на 19 април, а Челси ќе биде домаќин на Манчестер Јунајтед еден ден претходно.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...