Три француски репрезентативци го притискаат Олисе да се приклучи на Реал Мадрид

Француските репрезентативци Килијан Мбапе, Аурелиен Чуамени и новото засилување на Реал Мадрид, Ибрахима Конате, се трудат максимално да го убедат својот соиграч во „петлите“, Мајкл Олисе, да изврши притисок врз раководството на Баерн Минхен да го пушти на „Сантијаго Бернабеу“

Прегледи:

Датум:

Француските репрезентативци Килијан Мбапе, Аурелиен Чуамени и новото засилување на Реал Мадрид, Ибрахима Конате, се трудат максимално да го убедат својот соиграч во „петлите“, Мајкл Олисе, да изврши притисок врз раководството на Баерн Минхен да го пушти на „Сантијаго Бернабеу“.

Токму поранешниот играч на Кристал Палас, кој остави одличен впечаток во последните две сезони со германскиот гигант, е меѓу главните трансфер цели за ова лето на „лос Бланкос“, иако Шпанците дури и излегоа со официјален став, негирајќи ги тие шпекулации.

Пред неколку недели, во локалниот печат се појавија тврдења дека Мадрид е подготвен да понуди до 150 милиони евра за играчот, но луѓето во Баерн ги дочекаа со цврсто одбивање. Според медиуми, самиот Олисе е, исто така, решен да побара состанок со шефовите на германскиот гигант, каде што ќе можат да разговараат за ситуацијата и самиот тој лично да каже дека сака да се пресели во Реал, но барем засега нема намера да врши притисок ако не наиде на разбирање.

Таква средба ќе се одржи по Светското првенство, бидејќи играчот не сака да биде расеан од такви работи во моментов.

Франција е во полуфиналето на Светското првенство 2026, каде што ќе се сретне со Шпанија во вторник навечер во 21:00 часот по наше време.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...