Каи Руни, шеснаесетгодишниот син на најголемата легенда на Манчестер Јунајтед во последните децении, Вејн Руни, ни докажува дека времето „лета“, откако е чекор поблиску до големата сцена.
Руни е најголемиот талент на Манчестер Јунајтед, а наскоро ќе го видиме на големата сцена. Понуден му е нов договор на „Олд Трафорд“ откако во последните години ги импресионираше сите во познатиот англиски клуб.
Според вестите од Англија, Манчестер Јунајтед му понудил на Каи договор вреден 50.000 фунти годишно, или близу 60.000 евра, што е навистина мега-договор и максимална стипендија за тинејџер и млад човек кој игра во академијата, а не во сениорскиот фудбал.
Нов договор му е понуден и на Џејси Карик, синот на Мајкл Карик, кој моментално е привремен менаџер на сениорскиот тим.
Се очекува помладиот Руни да потпише нов договор ова лето, откако ќе ги заврши средношколските обврски, а потоа да го чека своето деби во сениорскиот тим на Манчестер Јунајтед следната сезона.
Каи Руни играше за прв пат под светлата на „Олд Трафорд“ минатиот месец, на стадионот каде што неговиот татко стана жива легенда. Тоа беше ФА Младински Куп, а Руни играше пред 20.000 навивачи. Во игра го пушти поранешниот соиграч на неговиот татко, Дарен Флечер.
Влегувањето на најмладиот член на познатото семејство Јунајтед предизвика возбуда кај 20.000 навивачи кои едногласно скандираа „Руни, Руни“, можеби најавувајќи одлична кариера што претстои.
Патем, понудата од 50.000 фунти, која пристигна на адресата на Руни, е најголемата можна стипендија за играчи под 16 години, па Јунајтед со овој потег покажа каков талент го сметаат за младиот Каи.



