„Седев во автомобил со пиштол во рацете!“ Денис Родман откри неверојатна приказна

Прегледи:

Датум:

Зад ексцентричниот изглед, обоената коса и лакираните нокти, легендарниот кошаркар Денис Родман отсекогаш криел длабока внатрешна борба, хаос и болка. Во неодамнешното интервју со Џо Бак, познатиот спортист откри како музиката на бендот Pearl Jam буквално му го спасила животот во еден од најтешките моменти.

Кризата дојде во 1992 година. Откако Чак Дејли, тренерот на Детроит Пистонс кого Родман го гледаше како татковска фигура, го напушти тимот, неговиот свет се срушил. Во исто време, тој минуваше низ тежок развод од сопругата Ени Бејкс, додека медиумите постојано го критикуваа.
– Сè се распаѓаше. Се заклучив во куќата 45 дена. Не сакав да разговарам со никого – се сеќава Родман.

Една ноќ, седел во својот пикап пред арената на Пистонс со наполнет пиштол, додека на касетофонот свирела „Black“ од бендот Pearl Jam.
„Мислам дека Pearl Jam ми го спаси животот“, вели Родман.

Полицијата подоцна го пронашла како спие во возилото, а музиката сè уште свирела. Родман објаснил дека неговата намера не била да го „убие Денис“, туку да се ослободи од она што дотогаш станал – скршен и изгубен човек кој не знаел каде припаѓа.

„Само сакав да го сменам мојот живот“, рекол тој.

Недолго потоа, бил трејдуван во Сан Антонио, каде што започнала неговата трансформација. Почнал да експериментира со својот изглед, да ја бои косата и да носи провокативна облека, здолништа и шминка. Овој пресврт на настаните, вели тој, го означил неговиот нов почеток.
„Почнав да го убивам стариот јас и да живеам како некој нов“, објаснил тој.

Неговите ексцентричности брзо станаа дел од поп-културата, а неговиот култен статус бил дополнително зацврстен со неговото пријателство и кратката романса со Мадона.

Денес, на 63 години, Родман отворено зборува за демоните со кои сè уште се бори, но и за неговата благодарност што ги преживеал тешките времиња.

„Луѓето се обложуваа дека ќе умрам пред да наполнам 40 години. И еве ме, сè уште тука. Ме гледаат како див, луд човек, но јас знам дека сум направил многу добри работи на оваа планета. Само што никој не сака да го види тоа“, порача поранешниот кошаркар на Чикаго Булс.

Фото: Принтскрин/ЕСПН

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...