Нов модел на топка ќе се користи во клучните натпревари од Светското првенство

Нов модел на топка ќе се користи во последните четири натпревари од Светското првенство - двете полуфиналиња, како и двете финалиња - за прво и трето место, објавија организаторите

Прегледи:

Датум:

Нов модел на топка ќе се користи во последните четири натпревари од Светското првенство – двете полуфиналиња, како и двете финалиња – за прво и трето место, објавија организаторите.

Адидас откри дека ексклузивната верзија се нарекува „Трионда Финале“ и во неа исчезнуваат боите на амблемите на трите земји домаќини на турнирот, а на нивно место се појавуваат црна и златна боја, а на топката ќе бидат напишани и имињата на градовите домаќини на натпреварите од Светското првенство.

Секој од тимовите во последната четвртина од турнирот ќе одигра најмалку два натпревари со новата топка, а таа ќе се користи во малото финале, како и во натпреварот за светската титула, кој ќе се одржи на 19 јули во Њу Џерси.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нов удар за Реал Мадрид: Кукуреља неизвесен за натпреварот со Интер во Лигата на шампионите

Брилијантниот лев бек на Реал Мадрид, Марк Кукуреља, беше...

Рафиња нов прв капитен на Барселона, Јамал петти на листата

Актуелниот шпански шампион Барселона денес објави дека прв капитен...

Евролигата потврди: Суперкупот во Абу Даби

Евролигата ги негираше наводите дека првиот Суперкуп од ова...