📽️Аргентинците му удрија „ќотек“, а тој ги изненади сите со изјава: „Не ја поддржувам суспензијата“

Шпанскиот фудбалер Гави смета дека Аргентинците не треба да бидат суспендирани поради насилството што го манифестираа по финалето на Светското првенство

Прегледи:

Датум:

Шпанскиот фудбалер Гави смета дека Аргентинците не треба да бидат суспендирани поради насилството што го манифестираа по финалето на Светското првенство.

Откако Шпанија ја победи Аргентина со 1-0 и со тоа ја освои втората шампионска титула во својата историја, започнаа хаотични сцени. Аргентинците не можеа да се помират со фактот дека противникот ги надигра.

Леандро Паредес доминираше во валканата работа. Играчот на Бока Јуниорс газеше сè пред себе, а најпогоден беше Гави, кого Паредес го фрли на подот и почна да го клоца сè додека не беа разделени.

Сепак, Гави ја изненади фудбалската јавност со пораката дека Паредес не треба да биде суспендиран.

„Не, искрено. Не мислам дека Паредес треба да биде суспендиран. Разбирам дека тоа не е добра слика за децата, но фудбалот има и пофизичка и поагресивна страна. Би било пологично да го исфрлеа за време на натпреварот и тоа е тоа. На крајот на денот, тоа е фудбалот и мислам дека секогаш треба да остане така“, изјави Гави за „Ел Партидазо де Копе“.

ФИФА потврди дека Паредес не добил црвен картон за неговото однесување по натпреварот, но дека отвориле дисциплинска постапка по која ќе се утврдат сите околности и одговорните ќе бидат казнети.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Јасикевичиус имал три прашања за Шејн Ларкин пред да потпише со него

По осум години во Анадолу Ефес, Шејн Ларкин одлучи...

Дончиќ носи поранешен НБА тренер во Рома СПКР

Новиот италијански кошаркарски клуб Рома СПКР, предводен од Лука...

Вајт: Среќен сум што не потпишавме со Федор Емелијаненко

Со текот на годините, UFC ретко пропушташе можност да...

Џејк Пол за борбата со Џошуа: Си ја научив лекцијата

Јутјуберот Џејк Пол изјави дека има намера повторно да...