🎥 Мурињо „одглуми“ потег на Винисиус што ја запечати судбината на Бразилецот

Чудесниот пресврт што Реал го изведе против Рома е главната приказна во второто коло од Лигата на шампионите. Рома водеше со 3-1 до 82-та минута, но потоа Реал го сврти резултатот и победи со 4-3

Прегледи:

Датум:

Чудесниот пресврт што Реал го изведе против Рома е главната приказна во второто коло од Лигата на шампионите. Рома водеше со 3-1 до 82-та минута, но потоа Реал го сврти резултатот и победи со 4-3.

Сепак, Винисиус не беше дел од големиот камбек на Реал. Жозе Мурињо го замени во 59-тата минута. Тој го стори тоа веднаш откако Рома постигна гол за 3:1. „Марка“ пишува дека тренерот на Реал го „пикирал“ Винисиус осум минути претходно. Во тој момент одигра додавање со петица во средината, а додавањето беше пресретнато од Рома, која потоа постигна гол од контранапад.

Мурињо беше фатен на камера како бесно реагира на несериозноста на Винисиус на аут-линијата. Тој двапати одглуми шут со петица во воздух. „Марка“ го истакна моментот со натпис „Ова е гестот на Мурињо што ја запечати судбината на Винисиус“.

Винисиус беше заменет од Ендрик, кој намести и постигна гол за Реал во епски камбек и беше прогласен за Играч на натпреварот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Гасперини кон Мурињо: Ги здробивме, им снема гориво, не требаше вака да заврши натпреварот

Тренерот на Рома, Џанпјеро Гасперини, не се согласи со...

Мбапе со рекорд во Лигата на шампионите, Меси веќе е зад него

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе продолжи да пишува историја во...

Вујовиќ се раздели со Катар: Некоректна понуда причина за раскинување на договорот

Веселин Вујовиќ нема да ја предводи репрезентацијата на Катар...

Вардар повторно „краток“ за еден гол, Чупиќ: „Млад тим, млад тренер…“

Вардар повторно загуби со еден гол разлика во Плок...