Младиот играч на Црвена Звезда Белград, Матеј Гаштаров (19), си постигна автогол на натпреварот против Копенхаген на „Маракана“, лобирајќи го својот голман Матеус во обид да ја расчисти топката. Македонецот се зграпчи за глава и клекна на теренот штом сфати што направил.
Тренерот на „црвено-белите“, Алберт Риера, му даде уште една шанса на Гаштаров од самиот почеток на натпреварот, „повторувајќи“ го составот од натпреварот против Лугано минатата недела. Во таа формација, Гаштаров беше поставен на позицијата централен бек и од таа позиција се збуни и ја испрати топката во сопствената мрежа на „Маракана“.
Неговите соиграчи и сите од клупата скокнаа кон Гаштаров, сакајќи да му помогнат што побрзо да „стане“ и да ја остави зад себе големата грешка од 34-тата минута од натпреварот против Копенхаген. На крај мечот заврши без победник – 2:2.


