🎬Мален незапирлив: Рома повторно славеше со 4:0, Холанѓанецот веќе има пет гола

Рома го отвори второто коло од Серија А на ист начин како и во првото коло - со победа од 4:0. Овој пат, „волчицата“ славеше убедливо на гостувањето против Лече

Прегледи:

Датум:

Рома го отвори второто коло од Серија А на ист начин како и во првото коло – со победа од 4:0. Овој пат, „волчицата“ славеше убедливо на гостувањето против Лече.

Мален, новото засилување на Римјаните, повторно беше во центарот на вниманието. По „хет-трикот“ во првото коло, Холанѓанецот постигна уште два гола против Лече и стигна до пет гола по само два натпревари.

Мален ја затресе мрежата во четвртата минута, кога налета на топката во шеснаесетникот и со прецизен удар го погоди долниот лев агол.

Само 19 минути подоцна, тој повторно беше на вистинското место. По додавањето од Франк во шеснаесетникот, Мален повторно го погоди долниот лев агол за 2:0.

Рома дополнително го зголеми водството во 25-тата минута. Соле го искористи одбиениот удар и ja испрати топката ниско во десната статива за 3:0.

Потоа Лече се обиде да се врати во натпреварот, а Кулибали по корнер ја погоди левата статива.

Казната стигна во следниот напад. Манчини го пронајде Мора, кој постигна гол од непосредна близина за конечни 4:0.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Прифати специјална покана: Ѓоковиќ се враќа во Базел по 15 години

Новак Ѓоковиќ ќе игра на АТП 500 турнирот во...

Евролигата планира да распредели 3,4 милијарди евра на учесниците и да се прошири во следните 10 години

Раководството на Евролигата објави дека планира да распредели 3,4...

Коке се повреди, под знак прашалник за Барселона и Баерн

Капитенот на Атлетико Мадрид, Коке, нема да може да...

Медведев го победи Пoл и се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Шангај

Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во полуфиналето на...