📸Папата ги повикa играчите на Интер да бидат пример за младите

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, денес се сретна со играчите на Интер Милан во Ватикан по повод освојувањето на титулата во италијанското првенство во сезоната 2025/2026 и им порача дека многу млади луѓе ги гледаат како „херои“, поради што имаат одговорност да бидат „сведоци на позитивни вредности“.

Прегледи:

Датум:

Во своето обраќање до играчите, Папата рече дека успехот е резултат на „напорна работа, тимски дух, дисциплина и упорност“, но нагласи дека улогата на спортистите оди подалеку од резултатите на теренот, објави Vatican News.

„Многу млади луѓе денес ве гледаат како свои херои, како примери за углед, а тоа ви наметнува одговорност што оди подалеку од спортските перформанси и бара од вас да бидете сведоци на вредностите“, нагласи Папата.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Серена и Венус елиминирани откако водеа 5-0 во шампионскиот тајбрејк

Враќањето на Серена и Венус Вилијамс како двојка на...

Циципас се пласира во првото осминафинале на УС Опен

Стефанос Циципас го победи 18-тиот носител Јиржи Лехечка со...

Карик задоволен од селекцијата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека е...

🎬 Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година

Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до...