Аларм во Евролигата – актуелниот МВП e достапен!

За време на неговата кариера во Европа, тој играше за Галатасарај, Жалгирис, Барселона и Фенербахче, со кого ја освои Евролигата и беше најкорисен играч на „Фајнал Фор“

0
3

Најџел Хејс-Дејвис, актуелниот МВП на Евролигата, е ослободен од Милвоки. Хејс-Дејвис го исполни својот сон ова лето и повторно заигра во НБА, но откако беше продаден од Феникс во Милвоки, тимот од Висконсин не сакаше да го задржи.

31-годишникот наскоро треба да биде слободен да избере нов тим.

Хејс-Дејвис одигра 27 натпревари за Санс оваа сезона, а неговото единствено НБА искуство беше во сезоната 2017/18, кога ги носеше дресовите на Сакраменто, Торонто и Л.А. Лејкерс, во девет наврати.

Во текот на сезоната 2025/26, тој имаше просек од 1,3 поени, 1,2 скока и шутираше 32,6 проценти од поле.

Неколку екипи од Евролигата се заинтересирани за неговите услуги, а најзвучно е името на Хапоел Тел Авив.

За време на неговата кариера во Европа, тој играше за Галатасарај, Жалгирис, Барселона и Фенербахче, со кого ја освои Евролигата и беше најкорисен играч на „Фајнал Фор“.

Фото: Јутјуб/Принтскрин/Евролига