Алжирската боксерка, Иман Келиф изјави дека би се согласила на тест за пол доколку тоа ќе ѝ овозможи да се натпреварува на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.
Келиф, која го освои златниот медал во женска категорија на Олимписките игри во Париз во 2024 година, оттогаш се соочи со преиспитување на нејзината подобност за натпреварување во женска конкуренција.
Во 2023 година, таа и тајванската боксерка Лин Ју-тинг беа дисквалификувани од Светското првенство од страна на Меѓународната боксерска асоцијација (IBA) поради наводно неуспешно поминување на тестовите за родова еднаквост.
Сепак, Меѓународниот олимписки комитет (МОК), кој го поништи признанието на IBA во јуни 2023 година, ѝ дозволи на боксерката да се натпреварува во Париз.
Келиф во средата за Си-Ен-Ен изјави дека „нема што да крие“ и дека ќе ги почитува барањата за тестирање доколку МОК ги наметне.
„Секако, би се согласила да направам сè што се бара од мене за да се натпреварувам. Тие треба да ги заштитат жените, но мора да бидат внимателни додека штитат некои жени, да не им наштетат на други“, кажа таа.
Келиф (26) отсекогаш се борела во женските категории.
„Јас не сум трансродова личност. Јас сум жена. Сакам да го живеам својот живот. Ве молам, не ме користете за вашите политички агенди“, порача таа.
Фото: Принтскрин/Си-Ен-Ен



