Барселона се насочува кон Спанулис

Василис Спанулис би можел да се врати во Евролигата доколку Барселона го изгуби Чави Пасквал. Веќе неколку дена се појавуваат информации дека Дубаи „запнал“ во доведувањето на шпанскиот стручњак, а преговорите наводно се во напредна фаза и доколку нема поголеми изненадувања, искусниот стратег ќе се пресели во ОАЕ

Прегледи:

Датум:

Василис Спанулис би можел да се врати во Евролигата доколку Барселона го изгуби Чави Пасквал. Веќе неколку дена се појавуваат информации дека Дубаи „запнал“ во доведувањето на шпанскиот стручњак, а преговорите наводно се во напредна фаза и доколку нема поголеми изненадувања, искусниот стратег ќе се пресели во ОАЕ.

Затоа Барселона веќе почна да бара негова замена, а според добро информираниот „Encestando“, Василис Спанулис е на врвот на листата за наследник на Пасквaл.

Заедно со грчкиот стручњак, високо е оценет и Ибон Наваро, кој веќе се поврзуваше со Барселона, но целиот договор зависи од заминувањето на Пасквaл.

Спанулис го предводеше Монако до финалето на Евролигата минатата сезона, каде што беа поразени од Фенербахче, а оваа година гo напушти Кнежеството поради нивната ужасна финансиска состојба.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...