Богдановиќ одговари на прашањето дали ќе се врати во Партизан

Во изминативе недели, приказната во српските медиуми за враќањето на Богдан Богдановиќ во Партизан добива на интезитет. По натпреварот од НБА помеѓу Лос Анџелес Клиперс и Милвоки, српскиот интернационалец одговори на прашање што ги интересира сите навивачи на „црно-белиот“ тим

Прегледи:

Датум:

Во изминативе недели, приказната во српските медиуми за враќањето на Богдан Богдановиќ во Партизан добива на интезитет. По натпреварот од НБА помеѓу Лос Анџелес Клиперс и Милвоки, српскиот интернационалец одговори на прашање што ги интересира сите навивачи на „црно-белиот“ тим.

– Следам, знам колку и вие (одговора на прашање на новинар на РТС – н.з.). Го гледам тоа и во медиумите. Убаво е да се видат тие слики, но… Што, дали сега треба да донесам одлука? Не разбирам. Имам уште седум натпревари тука, имам плејоф, па главата ми е тука. Не размислувам што ќе се случи следната година или следниот месец – изјави Богдановиќ за РТС по натпреварот со Лос Анџелес Клиперс.

Ситуацијата во Клиперс е исто така нејасна.

– Тука сум, подготвен сум, работам, тренирам. Што е, е, сезоната е таква каква што е. Се обидувам да бидам во најдобра можна форма кога ќе започнат плејоф натпреварите, додаде српскиот репрезентативец.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...