Грчката кошарка во центарот на скандал: Истрага поради сомневања за местење натпревари

Грчката кошарка е потресена од голем скандал откако, според локалните медиуми, се издадени потерници за претседателот на Кошаркарската федерација Вангелис Лиолиос и уште пет лица, под сомнение за местење натпревари

Прегледи:

Датум:

Грчката кошарка е потресена од голем скандал откако, според локалните медиуми, се издадени потерници за претседателот на Кошаркарската федерација Вангелис Лиолиос и уште пет лица, под сомнение за местење натпревари.

Покрај првиот човек на грчката кошарка, издадени се потерници и за уште пет спортски работници, од кои двајца се активни судии, а останатите се функционери на Федерацијата.

Според достапните информации, обвинителот и истражниот судија процениле дека постои ризик Лиолиос да избега, поради што е издадена потерница против него.

Весникот наведува дека сè укажува дека сето ова дошло по сведочења, извештаи и доставување писмени пораки од спортски функционери и судии, кои ги потврдуваат обвинувањата за местење натпревари.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Бернал доби суспензија од четири натпревари поради удирањето на Јамал

Факундо Бернал, играчот од средниот ред на Реал Бетис,...

Неверојатна приказна го обиколи светот: Ослабел 108 кг, се вратил во фудбалот и добил повик од гигант

Приказната за 32-годишниот бразилски футсал играч Брено Едувиге, попознат...

Големиот пад на поранешната ѕвезда: Каде „исчезна“ Алваро Мората?

Што се случува со Алваро Мората? Тоа е прашањето...

Инфантино доби јавно извинување од „Тајмс“!

Лондонскиот весник „Тајмс“ издаде јавно извинување до претседателот на...