Избрани најдобрите дефанзивни петорки на НБА

Во средината на трката за титулата во Конференциите, НБА одлучи да ги објави најдобрите дефанзивни петорки

Прегледи:

Датум:

Во средината на трката за титулата во Конференциите, НБА одлучи да ги објави најдобрите дефанзивни петорки.

Виктор Вембањама беше едногласно и очекувано прогласен за најдобар дефанзивен играч во натпреварувањето. Центарот на Сан Антонио е лидер во лигата по скокови, со 3,1 скок по натпревар.

Нему му се придружува неговиот директен ривал во финалето на Западната конференција, Чед Холмгрен. Играчот на Оклахома Сити Тандер е дел од клубот со најдобра одбрана во лигата, а тука се и искусниот ас на Минесота Руди Гобер, крилниот играч на Детроит, Озарк Томпсон, и Дерик Вајт од Бостон кои ја комплетираат петорката.

Втората петорка е, исто така, многу квалитетна, со бекот на Њујорк О’Ги Ануноби, потоа уште еден член на Оклахома, Кејсон Волас, суперѕвездата на Мајами, Бам Адебајо, Дајсон Даниелс од Атланта и Скоти Барнс од Торонто.

Што се однесува до финалето на конференциите, Оклахома синоќа го врати водството и ги победи Спарс во Сан Антонио – 108:123, додека вечерва во 2:00 часот наутро ќе играат Кливленд Кавалирс и Њујорк, при што Никс водат во серијата со 2:0.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...