Монтеро заминува од Валенсија – Олимпијакос е следната дестинација

Најпозитивното изненадување во европската кошарка, според „Мундо Депортиво“, веќе постигна договор со Олимпијакос и ќе игра во Пиреја следната сезона!

Прегледи:

Датум:

Само еден ден откако Реал стави крај на сезоната од соништата на Валенсија во полуфиналето на Евролигата – започна егзодусот. Најдобриот играч на „лилјаците“, МВП на плејофот, „ѕвезда во подем“, член на идеалната петорка, Жан Монтеро – ќе промени тим кон средината на ова лето. Најпозитивното изненадување во европската кошарка, според „Мундо Депортиво“, веќе постигна договор со Олимпијакос и ќе игра во Пиреја следната сезона!

Валенсија вложи максимални напори да го задржи, но Доминиканецот повеќе не се гледаше себеси во „Род Арена“. Не беше доволно што му беше понудена плата двојно поголема од износот од два милиони евра за следната сезона и 2,2 за претходната сезона… Монтеро внимателно ги разгледа сите понуди и, според Шпанците, донесе одлука да се приклучи во редовите на црвено-белите.

Интересно е што во статијата се додава дека новиот финалист на Евролигата победи многу тимови во трката за потпис на 22-годишникот. Покрај Барселона, Хапоел, Дубаи и Панатинаикос – наводно и Црвена Ѕвезда од Белград го контактирала плејмејкерот. Сепак, Монтеро ја избра најдобрата отскочна даска кон НБА, кон што се стреми и за која ќе има клаузула во договорот.

Во меѓувреме, Валенсија е зафатена со работа на ангажирање соодветна замена, а првиот избор е Ти Џеј Шортс.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...