Јанакопулос избегна апсење во Валенсија, па го продолжи скандалот

Возбудливата завршница на натпреварот помеѓу Валенсија и Панатинаикос, решена од поените на Најџел Хејс-Дејвис за водство на Атињаните од 2-0 во плејоф серијата на Евролигата, беше засенето од невиден хаос надвор од теренот

Прегледи:

Датум:

Возбудливата завршница на натпреварот помеѓу Валенсија и Панатинаикос, решена од поените на Најџел Хејс-Дејвис за водство на Атињаните од 2-0 во плејоф серијата на Евролигата, беше засенето од невиден хаос надвор од теренот.

Инцидентите достигнаа врв кога полицијата се обиде да го приведе контроверзниот претседател на „зелените“, Димитрис Јанакопулос. Според порталот „BasketNews“, тој бил исфрлен од натпреварот и бил внесен во посебен извештај за наводно викање кон судиите на масата за запишување.

Додека тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, го потврди обидот за апсење на првиот човек на клубот, стратегот на Валенсија, Педро Мартинез, не ги штедеше зборовите во критиките кон Jанакопулос, a ситуацијата дополнително се вжешти по официјалното соопштение на шпанскиот клуб.

Јанакопулос, кој и покрај тензиите ја напушти салата и се упати кон Атина, го искористи патувањето со авион за директно да му се обрати на Мартинез преку социјалните мрежи. Иако започна со помирувачки тон, признавајќи го успехот на противникот, брзо се префрли на контранапад.

„Господине Мартинез, она што би сакал да ви го кажам по изјавата што ја дадовте за мене, нарекувајќи ме – не знам – со многу придавки, сакам да го кажам следново: Сакам да ви честитам, бидејќи сте одличен тренер и она што го направивте со Валенсија е неверојатно. Валенсија се претвора во огромен клуб во кошарката и вие сте една од причините зошто ова се случува. Но, имајќи го предвид она што го кажавте за мене, жал ми е, но вие сте лажго. Никогаш не сум се приближил до судиската маса, бев зад клупата на Панатинаикос и го изразував моето разочарување за прекршок што не беше досуден. И да бидам искрен, во овие два натпревари не мислам дека Валенсија треба да зборува за судењето. Среќно во остатокот од серијата.“

Шефот на Панатинаикос не застана само на негирање на сопствената вмешаност во инцидентот на масата за запишување, но му даде и неколку совети на противничкиот тренер за спортски дух по болниот пораз пред домашната публика.

„Како што можете да видите, судиите не пријавиле ништо. Бидејќи ништо не се случи. Се што се случи беше дека изгубивте со 2-0 на ваш терен, по фантастичната сезона што ја имавте. Но, ако сакате да станете одличен тим, а не само добар тим, мора да учите и да губите. И не обидувајте се да го обвинувате тимот што победи“, рече Јанакопулос.

Серијата сега се сели во Атина, каде што Валенсија ќе се обиде да преживее во плејофот, додека очите на јавноста, покрај теренот, дефинитивно ќе останат вперени во ложата каде што седи Јанакопулос.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...