Кампацо пред разделба со Реал Мадрид

Реал Мадрид оваа сезона стигна до четвртфиналето на Евролигата, предводен од Факундо Кампацо, но Аргентинецот сепак би можел да ја напушти Шпанија

Прегледи:

Датум:

Реал Мадрид оваа сезона стигна до четвртфиналето на Евролигата, предводен од Факундо Кампацо, но Аргентинецот сепак би можел да ја напушти Шпанија.

И покрај тоа што има 35 години, Кампацо е главен плејмејкер за „кралевите“. Ова не му гарантира дека ќе остане во редовите на мадридскиот клуб, и покрај фактот дека има договор за следната сезона.

Всушност, Реал му понуди на Факундо нов договор, но се шпекулира дека не е задоволен од предлогот.

Не е тајна дека Реал сака да ги намалува платите на играчите кои се стари. Ова беше случај со Серхио Љул и Фабиен Кузер, а сега се повторува и со Факундо.

Оваа сезона тој беше еден од четворицата плејмејкери, заедно со Тео Маледон, Андреас Фелиз и Љул, но Реал се прашува на кое ниво ќе биде Аргентинецот за две или три години. Затоа му понудија помалку пари.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

На Островот тврдат: Карик е пред отказ, Германец главен кандидат за негов наследник

Мајкл Карик се најде во исклучително незавидна ситуација по...

Шпански медиум за Винисиус: „На работ на исчезнување е, никој нема да пролее солза за него“

Винисиус Жуниор поминува низ еден од најтешките периоди откако...

Мекалистер се запиша во историјата на Лигата на шампионите: Сите осум гола ги постигна на „Енфилд“

Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Алексис Мекалистер, постави...

Рио Фердинанд кон својот Јунајтед: „Неспособни…“

Додека Рио Фердинанд беше задолжен за одбраната на Манчестер...