Кочовиќ потпиша за КК Пелистер

Нов член на КК Пелистер е српскиот интернационалец Никола Кочовиќ, соопштија од битолскиот клуб

Прегледи:

Датум:

Нов член на КК Пелистер е српскиот интернационалец Никола Кочовиќ, соопштија од битолскиот клуб. Се работи за кошаркар кој има 30 години и акумулирано искуство од настапи во Србија, БиХ, Црна Гора, Полска и Романија.

Бекот, висок 197-сантиметри, доаѓа од школата од Чачак, а во македонската кошарка пристигнува по сезона мината во Чачак од Србија и романска Орадеа.

Кочовиќ веднаш му се стави на располагање на тренерот Тане Спасев и ќе биде во комбинација за натпреварот против Работнички во недела од 19:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Арбелоа: Не сум важен јас, фокусот треба да биде на играчите

Менаџерот на Фулам, Алваро Арбелоа, изјави дека вниманието на...

Манчестер Јунајтед го казни Мартинез

Манчестер Јунајтед го казни Лисандро Мартинез за неодамнешниот инцидент,...

📽️Ходар стана најмладиот полуфиналист во историјата на Мастерсот во Шангај

Шпанскиот тенисер Рафаел Ходар се пласираше во полуфиналето на...

Ѓоковиќ пред голема одлука: Торино е целта, но патот до таму е сè потежок

Новак Ѓоковиќ сака да игра на завршниот Мастерс во...