МЗТ Скопје ја доби „мајсторката“ со Пелистер и се пласираше во финале

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром оствари убедлив триумф со 87:58 против Пелистер и ја затвори серијата од полуфиналето на „МТЕЛ“ Супер лигата со 2-1

Прегледи:

Датум:

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром оствари убедлив триумф со 87:58 (37:37) против Пелистер и ја затвори серијата од полуфиналето на „МТЕЛ“ Супер лигата со 2-1.

По израмнетото прво полувреме, кошаркарите на МЗТ експлодираа во третиот период во кој направија серија од 29-5, креираа голема предност, доволно за пласман во уште една финална серија.

Во одбрана на трофејот за противник ќе го имаат дебитантот Маџари, кој синоќа направи сензација против ТФТ. Аеродромци ќе ја имаат предноста на домашниот терен.

Ако двете екипи дадат согласност финалната серија ќе стартува веќе овој викенд, на истото место во СЦ „Јане Сандански“, каде би се играле првите два натпревари од серијата „подобар во пет натпревари“.

Петков постигна 23 поени, седум додавања и три скока, следен од Танасковиќ со 20поени и седум скока, а МекКејден дојде од „дабл-дабл“ од 14 поени и 12 скока (плус пет асистенции).

Кај Пелистер, Дејвис постигна 12 поени, а Вилсон додаде уште 10.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...