Познатo кој ќе игра во плеј-оф, а кој во плеј-аут на „MТЕЛ“ Супер лигата

Крајот на регуларниот дел од „MТЕЛ“ Супер лигата понуди многу возбудувања со одигрување на последното, 22.коло. По вечерашните дуели, првенствената табела се подели на два дела

Прегледи:

Датум:

Крајот на регуларниот дел од „MТЕЛ“ Супер лигата понуди многу возбудувања со одигрување на последното, 22.коло. По вечерашните дуели, првенствената табела се подели на два дела.

Во првата „шесторка“ која ќе бара место во плеј-офот, се пласираа екипите на ТФТ, МЗТ Скопје Аеродром, Пелистер, Маџари, Кожув и Тиквеш Голден Игл.

Кавадарчани имаат ист скор (11-11) како и екипата на Чаир 2030, но и подобар меѓусебен однос во однос на чаирчани, поради кој се во горниот дел од првенствениот поредок.

Во плеј-аут сегментот, се екипите од 7. до 12. место, односно Чаир 2030, МКК Куманово, Работнички, Феникс 2010, Гостивар и Ангели.

РЕЗУЛТАТИ 22.КОЛО

Гостивар – Феникс 2010 76:74
Маџари – Ангели 106:81
Работнички – МКК Куманово 76:72
Тиквеш Голден Игл – ТФТ 102:74
Чаир 2030 – МЗТ Скопје Аеродром 76:68
Кожув – Пелистер 89:82

ТАБЕЛА

1. ТФТ 22 19 3 1817:1571 41
2. МЗТ Скопје А. 22 19 3 1735:1534 40
3. Пелистер 22 14 8 2002:1807 36
4. Маџари 22 12 10 1752:1731 34
5. Кожув 22 12 10 1834:1793 34
6. Тиквеш ГИ 22 11 11 1735:1728 33
————————————————–
7. Чаир 2030 22 11 11 1779:1858 33
8. МКК Куманово 22 10 12 1788:1755 32
9. Работнички 22 9 13 1829:1792 31
10. Феникс 2010 22 8 14 1721:1778 30
11. Гостивар 22 6 16 1634:1761 28
12. Ангели 22 1 21 1436:1931 23

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...